И Локалните МЕДИУМСКИ ТЕЛЕТАБИСИ ЛАПААТ ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА КУРТОН ПРОПАГАНДА Од кавадаречкиот буџет се финансира велешка телевизија?!

0
774

Пред неколку години имаше две кавадаречки телевизии. Но, во овој момент, состојбата е поинаква. Поранешната РТК Телевизија сега е преименувана во К1 Телевизија и не е повеќе кавадаречка, туку е велешка. Тоа е првата кавадаречка телевизија, која што како град (а најмногу актуелната политичка гарнитура која раководи со градот), дозволивме да ни биде одземена, а со тоа и да бидат оставени на улица неколку новинари, камермани, монтажери и друг персонал. Во тој момент, никој не проговори за тоа, па дури и самите новинари.

Но, да се вратиме малку наназад и да влеземе подлабоко во целиот процес. Откако Владата ги стави под контрола големите телевизии, дојде моментот да се зауздааат и помалите. Па така, само во еден ден тројца скопски бизнисмени купија шест телевизии на локално ниво. РТК Телевизија не беше купена во тој момент, но тоа требаше да биде знакот, за тоа што ќе следи. Телевизијата најверојатно беше продадена поради тоа што сопственикот не можеше да ги поднесе трошоците.

Денес имаме ист проблем со КТВ Телевизија. Едноставно, кубури со финансиски средства. Може да дојде момент да биде или купена од страна на некој бизнисмен близок до власта, или едноставно да биде затворена. Во тој момент, Кавадарци ќе нема кавадаречка телевизија.

Општина Кавадарци, по налог на градоначалникот, потпишал договор со кој месечно од џебот на кавадарчани се издвојуваат 120.950 денари за К1 Телевизија. Додека за КТВ Телевизија, во моментот единствената кавадаречка телевизија, се издвојуваат 35.400 денари.

Во таа насока, сакам да го прашам градоначалникот:

– Зошто К1 Телевизија добива поголема сума на финансиски средства од КТВ Телевизија, иако знаеме дека и двете телевизии се регионални телевизии и го покриваат истиот медиумски простор? Но тоа не се сите финансиски средства кои што од буџетот на општината се трансферираат до медиуми блиски на власта. Таков е примерот со ставката „423 120 од општинскиот буџет – списанија, весници и други изданија за користење од страна на вработените, каде што може самите да видите дека од вкупниот буџет се издвоени 1.060.000 денари. Кој му дозволил на градоначалникот парите на граѓаните (милионски суми) да ги троши за лична промоција?

Фејсбук статус на Сашко Петров