Владата на Република Македонија за катадневното патување на актуелниот технички премиер Емил Димитриев од неговиот роден Пробиштип до Скопје и назад, само за гориво троши по околу 2.000 евра месечно, според неофицијални проценки, пишува „Плусинфо’.
За постојаното патување на премиерот од Скопје до Пробиштип, од Кабинетот на Димитриев за Плусинфо велат:
„Премиерот Димитриев по сопствен избор, а земајќи ги предвид и семејните фактори, продолжи да живее во семејната куќа во Пробиштип. Станува збор за одлука која воопшто нема влијание на неговото функционирање во Владата, бидејќи тој работните задачи ги извршува во целост со полн интензитет. Оваа одлука нема влијание врз трошоците на државата, затоа што трошоците за превоз од Пробиштип до Скопје се приближно еквивалентни на потенцијалните трошоци кои би биле ангажирани за средување на премиерската вила на Водно и трошоците за нејзино постојано функционирање“.
Повеќе за оваа сторија може да прочитате ОВДЕ