И Кина има своја Tesla – запознајте ја Youxia X, КИНЕСКИ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ!

0
739

Screenshot_8

Електричните автомобили денес добиваат се поголем замав на пазарот, но исто така и особено верна публика и тоа се благодарение на Tesla и нивниот бестселер Model X. Секако, беше чудно што и порано не се случи ова – Кинезите ќе лансираат нивни електричен автомобил, кој неодоливо потсетува на Tesla Model S.

Иако однадвор главните дизајнерски линии се од веќе етаблираниот електричен автомобил, Кинезите од Youxia се обиделе да вметнат неколку свои елементи. Сепак, во самите детали се гледа премногу сличност пак со возилата на Lexus, иако на крајот на краиштата важно е како изгледа автомобилот, а во овој случај можеме да му дадеме преодна оценка. Внатрешноста пак е скоро целосно преземена од онаа на Tesla Model S, особено големиот екран на допир во средината.

Screenshot_9

Еден елемент во кој Youxia е уникатна се LED диодите во предната маска, кои светат исто како оние на автомобилот KITT, од популарната серија од 80-те, Knight Rider, а можат да се контролираат преку Android 5.1 оперативен систем од внатрешноста. Да потсетиме, тоа е серијата со колата која зборува, која може сама да вози… Ваквиот потег и не е чуден – главниот дизајнер, Хуанг Ксиујуан, е голем љубител на серијата.

Иако поагресивниот дизајн најавува и подобри перформанси, кинеската Tesla не е толку брза како американската. Електричниот мотор има 348 коњски сили, па забрзувањето до стотка ќе трае „само“ 5,6 секунди, додека со достапните батерии од 40, 60 и 85 kWh, со едно полнење ќе можат да се поминат од 220 за најмалите, до 450 километри за оние со најголем капацитет, бројки кои веројатно ќе биде тешко да се постигнат во реалниот свет. Батериите ќе можат да се наполнат преку брз полнач за само половина час.

Screenshot_10

Youxia X има еден интересен мод, кој веќе го имаме видено во неколку други автомобили на Lexus и Renault, а тоа е можноста да се продуцира звук од некој друг автомобил преку звучниците во внатрешноста. Така, возачот ќе може да избере автомобили како Ferrari 488 GTB или Jaguar F-Type, а со цел поголемо возачко уживање.

Кинеската Tesla треба да биде лансирана на пазарот на почетокот од 2017 година, по цена од 32000 до 48000 долари во САД, по враќањето на даноците, бидејќи се работи за еколошки автомобил. Сепак, ова треба да се земе со задршка, бидејќи се работи за стартап проект, кои знаеме дека најчесто и не успеваат, особено поради недоволно собрани средства.

Screenshot_11

Извор : SmartPortal