(АУДИО) И екс-командирот на Алфите, Пуки, кој ставал пиштол во уста на Брат Љубе е помеѓу осомничените во „Тортура“!

0
3522

Катица Јанева, Специјалната јавна обвинителка, на денешната прес-конференција ја најави новата истражна постапка под кодно име „Тортура“.

Како што објасни обвинителката Фатиме Фетаи, „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Предложена е истражна постапка против 7 лица, меѓу кои и полициски службеници од специјалните единици, за употреба на прекумерна физичка сила и вулгарности и закани врз Бошкоски на паркингот на кој беше уапсен. Помеѓу овие 7 лица освен Сашо Мијалков, сомничен  е и поранешниот командир на Алфите Ивица Антевски – Пуки, кој му ставал пиштол во уста при апсењето.

„Командантот на алфите им наредил да го легнат на земја. Останатите осомничени насилно го легнаа Бошкоски и удирајќи го му велеа – Шефот ми рече дека осум години ќе лежиш во затвор. Пи.ка ти материна. Да ти е.ам жената. Бел ден да не видиш и уште други вулгарности кон неговата мајка, жена и деца“, рече Фетаи на денешната прес конференција.

Министерот Оливер Спасовски го смени од командната позиција Пуки, и на негово место дојде боксерот Примислав Димовски.