И директорот на финансиска полиција, Муареми, во самоизолација

0
217

Директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми, е во самоизолација откако бил во контакт со Мухамед Зекири.

„Сакам да ве известам дека во последните денови имав контакт со г-н Мухамед Зекири и веднаш по информациите дека е позитивен на Ковид-19, јас сум во самоизолација според сите протоколи на релевантните институции. Немам никакви симптоми, а оваа недела ќе го направам тестот за Ковид-19“, напиша Муареми на својот профил на Фејсбук.