Поранешниот премиер Никола Груевски, кој моментно е во Будимпешта по азилот што го доби од унгарските власти, е опфатен со истрагата за злоупотреба на службената положба и перење пари за елементи од проектот „Скопје 2014“. Истрагата опфаќа и поранешен министер за култура и за финансии и двајца градоначалници на Центар, пренесе Телма.
Истрагата е раширена на вкупно 15 лица. Дел од нив се приведени, како Владимир Тодоровиќ, екс градоначалник на Центар и газда на ланецот маркети „Тинекс“, поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, потоа Тодор Делјановски, Игор Секуловски и Љупчо Бакев.Според информациите на ТВ Телма, за полицијата засега се недостапни Златко Панов и Александар Здравев.