И ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ СО ПРЕДЛОГ ДА СЕ ПРОДОЛЖАТ РОКОВИТЕ НА ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ

0
134

Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски денеска пред Собранието изјави дека е неопходно да се донесат законските измени.

– Денеска поднесуваме предлог за изменување на Законот за безбедност на патиштата и втор предлог за изменување на Законот за патни истправи, по скратена постапка. Кога се донесени, како се донесени, со кој ум се донесени е небитно од денешен аспект, но денеска е последен кога пратениците кои земаат плата од граѓаните имаат можност да докажат дека се во насока на интересот на граѓаните, без политиканство, без игри. Да се донесат измените, оти само со измена на овие два закони во делот на важноста на возачките дозволи и пасошите може да се решат проблемите на граѓаните – изјави Тошковски пред Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески повика заеднили да седна координаторите на сите пратенички групи, спикерот и премиерот за заеднилки да се најде решение. Тој рече дека се бараат начини материјалите за законските измени да се најдат побрзо од 10 дена пред пратениците.