И БУЈАР ОСМАНИ СЕ НАВРТИ СО ДЕМАНТ ВРЗ ГРУЈО – Бујар Османи : ДУИ бараше писмена гаранција и од ВМРО-ДПМНЕ!

0
1831

ДУИ ги демантира тврдењата на Никола Груевски дека Али Ахмети никогаш не побарал писмена гаранција зашто, како што изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал доверба во ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот Бујар Османи е дециден – гаранцијата што се бара од СДСМ е истата што беше испорачана и до ВМРО-ДПМНЕ, објави Алсат-М.

– Тоа е истата што ја имавме со ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите – јасно да се детализира законот за албанскиот јазик и целата платформа да се смета заедничка платформа за евентуална владина програма – вели Османи.

И покрај заканите на Груевски, ако ДУИ коалицира со СДСМ, во иднина да не се надева на соработка со ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Ахмети тврди дека сè уште не се откажала од петте нејзини опции меѓу кои е и евентуален договор коалицирање токму со ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот Ахмети одржува контакти со сите политички партии, сè уште остануваат сите 5 опции отворени поради тоа што цениме дека првата понуда беше недоволна и не знаеме колку ќе биде задоволувачка втората понуда, затоа сите опции остануваат отворени.

Решението ќе се заснова на тоа дали ќе бидат задоволени барањата на ДУИ за реализирање на платформата и договорот потпишан со албанскиот народ на 11 декември – додава Османи.

Османи повтори дека СДСМ ќе може да смета на потписите на пратениците на ДУИ само ако се постигне договор прифатлив за партијата.