И битолските студенти се подготвени за освојување на факултетите

0
494

blokada-na-nastava-540x258

Студентска окупација ќе има и во Битола е одлучено на вечерашната средба на Студентскиот пленум -УКЛО.  Точниот датум се уште не е утврден, а деновиве студентите ќе одлучат кој факултет во овој град ќе биде прогласен за слободна, автономна зона, пренесува Радио МОФ.

„Договорено беше формирање на работни групи кои ке бидат задолжени околу реализација на блокадата, односно за окупацијата на факултетот . Со консензус е донесена одлука за реализирање на окупацијата, а во игра остануват два факултети“, вели за Радио МОФ Борис Николевски, од битолскиот Студентски пленум.

На средбата која вечерва се одржа во Домот на културата, а каде присуствуваа триесетина студенти , Пленумот ја побарал поддршка и од останатите колеги да се вклучат во работните групи и да помогнат во организирањето на окупацијата.

Текстот во целост прочитајте го тука