И АЛБАНЦИТЕ СЕ КРЕВААТ ПРОТИВ РЕЖИМОТ: Демолирана народната канцеларија на Иванов во Тетово!

0
561

ivanovteИ Албанците го креваат гласот против режимот. Рано утринава демолирана е народната канцеларија на претседателот Иванов во Тетов.

„Засега непознати сторители денеска со тврди предмети – парчиња од ќерамиди и бетон, и со употреба на сила ги скршиле изложните и стаклата од влезната врата на канцеларијата на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, за време на инцидентот кој се случил утрово помеѓу 5 часот и 5 часот и 50 минути, пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

Минатата недела за време на протестите беше демолирана и народната канцеларија на Иванов во центарот на Скопје.