И Албанците масовно ќе учествуваат на протестите

0
712

Одделни медиуми на Албански јазик контролирани од вазалите на Груевски, деновиве вршат силна кампања со цел да го неутрализираат граѓанскиот револт кај Албанците, за да истите не учествуваат на протестите.

mersel-bilali

Тоа го прават перфидно поистоветувајќи го лидерот на нормалната и проевропската политика Заев со водачите на опасната Путинова политика (коалиција ВМРО-ДУИ), која како таква мора да биде антиевропска за да може да биде криминална. Разликата меѓу нив е иста колку и разликата меѓу – доброто и злото, меѓу вистината и лагата, меѓу чесноста и грабежот, меѓу раѓањето и смртта.

Тие упатуваат на тоа дека нема договор со Заев !!!
Па нели вие имавте договор кој цели 14 години не знаевте да го имплементирате. А зошто не барате таков договор од Груевски со кого цело време сте интимно и силно прегрнати ?! Целта е да се пасивизираат Албанците, но тие масовно ќе учествуваат на протестите. Деновиве ќе има јавен апел од интелектуалци, здруженија и одредени политички субјекти.

фејсбук статус на Мерсел Биљали