Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

ИЈЗ: ВО МАРТ ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНАЛО ОД СИДА, А РЕГИСТРИРАНИ СЕ ТРИ СЛУЧАИ ПОТВРДЕНИ НА ХИB

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 11 заболени лица – пријавени се 4 случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на сифилис, два случаи на инфекција со хламидија и по еден случај на Хепатитис Ц и гонореја.

Во текот на месец март, пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20-39 години. Регистриран е еден смртен случај од СИДА. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 31 март, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 698, а од нив 132 лица починале, а 562 лица живеат со ХИВ/СИДА (4 лица се со непознат исход). Како што информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), регистрирани се 4 случаи на вирусен хепатитис Б кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација во РСМ и не се вакцинирани против овие болести.

„Пријавени се и три случаи на пневмококни инфекции, од нив две лица се возрасни (припаѓаат во возрасна група 50-65 години), а едно лице е дете на возраст од 8 години. Трите случаи се со дијагноза на пневмококен менингит. Ниту едно од заболените не е вакцинирано со вакцина против пневмококна инфекција“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 11 заболени лица – пријавени се 4 случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на сифилис, два случаи на инфекција со хламидија и по еден случај на Хепатитис Ц и гонореја.

„Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 309 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 50,8 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 52 отсто“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Извор : Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ