Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ИСТРАЖУВАЧКОТО НОВИНАРСТВО И ЕТИЧКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ФОКУСОТ НА ДВОДНЕВНАТА ОБУКА НА ЗНМ

  • Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во рамки на Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ, организираше втор циклус на обуки на тема „Истражувачко новинарство и етичко известување“.

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

☑Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во рамки на Тренинг-Академијата за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ, организираше втор циклус на обуки на тема „Истражувачко новинарство и етичко известување“.

На 29 и 30 април 2025 година, ЗНМ ја одржа дводневната обука за истражувачко новинарство каде што учесниците беа новинари и медиумски професионалци со цел да ги продлабочат своите знаења и практични вештини.

☑Првиот ден беше посветен на основниот курс, каде што обучувачи беа Маја Јовановска и Драган Антоновски. Учесниците имаа можност да се запознаат со основите на истражувачкото новинарство – од дефинирање и развивање на истражувачка идеја, преку користење и заштита на извори, до техники за проверка на факти и користење јавни бази на податоци. Особен интерес предизвикаа практичните вежби, кои овозможија директна примена на теоријата во симулирани ситуации. Во фокусот беше и дискусијата за етичките дилеми и стандардите во новинарството.

☑Следниот ден се одржа напредниот курс, под менторство на Миомир Серафиновиќ и Александар Методијев. Обуката понуди посеопфатен пристап кон напредните техники за истражување, вклучувајќи анализа на податоци, структурирано интервјуирање и длабинска верификација. Посебен дел беше посветен на справување со етички предизвици во чувствителни истражувачки проекти. Учесниците активно се вклучија во работилниците со реални сценарија, каде што имаа можност ги демонстрираат новостекнатите знаења.

☑Обуката заврши со отворена сесија за прашања, размена на искуства и евалуација, при што учесниците ја нагласија потребата од вакви практични и интерактивни формати на учење.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ