Tuesday, June 17, 2025
26.8 C
Skopje

ИСТОРИСКА СРЕДБА НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА КИНА СО ЛЕВИЦА ВО СКОПЈЕ

Во духот на меѓународна солидарност и заедничките идеали, висока делегација на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, ја посети централната канцеларија на Левица во Скопје.

Во рамките на посетата, во срдечна и пријателска атмосфера беше остварена и работна средба помеѓу Президиумот на Партијата, на чело со претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, и кинеските претставници при што во фокус беше размената на искуствата и зајакнување на меѓусебната соработка.

Делегацијата на КПК беше запознаена и со структурата и активностите на Левица, нејзиниот историјат и долгорочната визија за Партијата, но и за Република Македонија.

Оваа средба отвора врати за идна соработка и нагласуваме дека посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на братските односи со Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ, врз основа на взаемно почитување, еднаквост и заеднички визии за иднината.

Остануваме посветени кон унапредување на дијалогот и солидарноста помеѓу сите народи на светот, што е суштински дел од нашата надворешно-политичка стратегија во услови на еден мултиполарен свет.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ ВО ВЕНКО: КОГА ЗБОРУВА ФИЛИПЧЕ, ЈАВНОСТА НЕ СЛУША ПЛАН, ТУКУ ЕХО ОД ДУБАИ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ФИЛИПЧЕ Кога зборува Филипче, јавноста...

ВЛАДА: УСВОЕНА Е НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЗАКОНСКИ СТЕКНАТ ИМОТ

Почитувани, Денес се одржа 84-та владина седница. Со цел обезбедување услови...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ