Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

ИСТЕПАЛЕ ВРАБОТЕН ВО КАЗИНО ОТИ ОДБИЛ ДА ПУШТИ МАЛОЛЕТНИК ДА ВЛЕЗЕ ВНАТРЕ

Инцидентот се случил кога малолетникот сакал да влезе во казиното, а вработениот не го пуштил. На тоа малолетникот се заканил и телефонски ги повикал останатите осомничени кои со два автомобили пристигнале пред казиното. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица на возраст од 35, 50 и 43 години за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, согласно Законот за правда за децата, ќе биде поведена постапка и против 17 годишник во судир со законот, информираат во Јавното обвинителство.

„На 30 април во вечерните часови, пред казино во Драчево, сите осомничени во група малтретирале и телесно повредиле вработен во казиното, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Инцидентот се случил кога малолетникот сакал да влезе во казиното, а вработениот не го пуштил. На тоа малолетникот се заканил и телефонски ги повикал останатите осомничени кои со два автомобили пристигнале пред казиното. Најпрво му се заканиле на оштетениот со барање да го пушти детето да влезе или ќе го запалат казиното, а кога тој одбил, го опколиле и физички го нападнале, удирајќи го со бокс и нанесувајќи му телесни повреди“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Едниот од осомничените од возилото извадил дрвена мотка и почнал да замавнува кон оштетениот, кој се повлекол кон влезот на казиното. Случајни минувачи ги спречиле да продолжат со насилството, но кај оштетениот и во јавноста осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. „Надлежен јавен обвинител до судот достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/ престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат на службено лице и одземање на патните исправи“, се наведува во соопштението. Казнет ќе биде и малолетникот против кого ќе биде поведена соодветна законска постапка.

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ