ИСПОРАЧУВАМЕ МИРНА ИДНИНА И ИЗГРАДБА НА ДЕМОКРАТИЈА НА НАШАТА ДРЖАВА СО СИТЕ НЕЈЗИНИ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ, ЗАЕВ СО АМАНЕТ ЗА ПОСТИГНАТОТО ОД РАМКОВНИОТ ДОГОВОР

0
273

Охридскиот рамковен договор донесе нов дух на водење политики – политики кои градат мостови, а не ги рушат. Денеска одбележуваме 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошната демократска изградба на нашата држава, со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници.

„После Охрид“, сите заедно, без разлика на нашата етничка, национална, верска, социјална, културна припадност, изградивме едно и еднакво општество, каде секој може да најде просперитет и подобра иднина.

На нас останува да си го чуваме тоа што заедно го постигнавме овие 20 години и да бидеме благодарни на современиот свет од кој многу учиме и кој многу ни помага, пред сѐ нашите стратешки партнери – САД и ЕУ.

Северна Македонија 🇲🇰 е прекрасен мозаик од етнички и други заедници и различности.

Почитувајќи ги овие уникатности и истовремено јакнејќи ја институционално нашата држава со преземање инклузивни политики и позитивни мерки ги поставивме темелите на Северна Македонија како едно рамноправно општество.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.