ИСКРШЕНИ СЕ СТАКЛА НА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ ДЕМОЛИРАН Е „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ВО БЛАГОЕВГРАД

0
602

Со каменување е искршено стаклото од влезот на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија. Според бугарските медиуми, бугарската полиција извшила увид и потврдила дека по 21 часот е каменуван излогот на клубот.

Каменувањето се случи по веста дека со по 300 евра парична казна и протерување и 3 години забрана за влез во земјава добија тројцата бугарски државјани кои на граничниот премин Деве Баир се обиделе физички да нападнат полицајци, соопшти доцна вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).
Македонскиот клуб беше отворен во октомври минатата година.