Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

ИРЛ: ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА ЈАГЛЕНОТ ЗАВРШИЛЕ КАЈ ВИЦЕ ЗАЕВ ВО КОМПАНИЈАТА ,,ГОМАСИДРА” СО СЕДИШТЕ ВО ПЕТРИЧ СОСЕДНА БУГАРИЈА

Фото : ИРЛ

Стануваше збор за компанијата „Гомасидра“, регистрирана во Петрич, Бугарија, во сопственост на Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„Јас воопшто не знаев која е компанијата. За тоа ме информираа од банката преку која одеа плаќањата откако ги прекинаа сите исплати и ми кажаа да си најдам друга банка затоа што ова е фирма на Вице Заев“, ни рече сопственикот на ,,Зобек Мининг”, Колашинац кој патем не крие дека е голем пријател со експремиерот.

Збунувачки беше тоа што во договорот на „Зобек мининг“ со грчкиот рудник воопшто не е спомнато дека друга фирма треба да прави ископ. Во членовите 2.1 и 2.2 пишува: „…продавачот (Лигниторихиа Ахладас) се обврзува да ja стави на располагање потребната количина лигнит за испорака според месечниот распоред. Продавачот се обврзува да ги преземе и плати сите трошоци за товарење на лигнитот.“

Веќе на третата средба Колашинац ни го покажа договорот со компанијата „Гомасидра“, која е регистрирана на иста адреса во Петрич со повеќе други фирми на Заеви, а каде што се наоѓа и компанијата „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd) на сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, а за која ИРЛ веќе пишуваше. Договорот не ни дозволи да го фотографираме, туку само да го прочитаме. Најбитно му беше да се задржиме на членот 4, каде што во детали е опишано кои се обврските на фирмата на Вице Заев.

Целата сторија ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ