ИРИ: 55% од граѓаните сметаат дека Груевски не заслужува да биде реизбран

0
1400

Премиерот Никола Груевски во моментот ужива најмала доверба кај граѓаните, споредено со кој и да е период од неговото деветгодишно владеење, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

114752

На прашањето дали премиерот Груевски добро си ја завршил работата и заслужува реизбор, 55 отсто од анкетираните се изјасниле дека тој не заслужува уште еден мандат.  Лани, пак, 38 отсто граѓани сметале дека Груевски не заслужува нов мандат. 35 отсто од граѓаните сметаат дека оставката на премиерот е решение за политичката криза.
Дури 58 отсто од граѓаните сметаат дека Владата нема решение за економските проблеми со кои се соочува Македонија. Во врска со „бомбите“ на опозицијата, 65 отсто од граѓаните сметаат дека се автентични, а само 15 отсто одговориле дека не веруваат во нивната автентичност.
На прашањето дали мислите дека некој ви ги прислушува телефонските разговори, дури 52 отсто од граѓаните одговориле дека мислат дека се прислушувани.
За кумановските настани, голем дел од граѓаните сметаат дека Владата и платила на  вооружената група да ја дестабилизира земјата.
На прашањето кој ги платил вооружените групи за да ја дестабилизираат Македонија, 34 отсто од испитаниците сметаат дека тоа го направила Владата. 55 отсто од испитаниците сметаат дека во земјата нема слобода на говорот.
На прашањето која телевизија најчесто ја гледате за политички вести, зад трите телевизии кои имаат национални концесии е 24 вести со 12 отсто доверба од граѓаните ја посочиле 24 вести. На прашањето кој интернет портал најчесто го користите за политички вести, зад најпопуларните Фејсбук и Тајм.мк, повторно е интернет страната на 24 Вести.
Меѓународниот републикански институт ИРИ ја спровел анкетата од 6 до 15 јуни. Целосната анакета беше објавена отако пред една недела државната агенција МИА објави дел што се доенсува само на рејтингот на политичките партии. Тој дел од анкетата покажа  во  ВМРО-ДПМНЕ имаат доверба 23 отсто, а во СДСМ  11 отсто граѓаните.
Вчера ИРИ официјално ги прати резултатите од истражувањето, но таму ги нема резултатите за рејтинзите на политичките партии и на политичарите, затоа што тој дел бил наменет само за политичките чинители со кои ИРИ соработува, но не и како истражување наметнето за пошироката јавност.


ANKETA IRI 14 07 by 24vesti

Извор: 24Вести