Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ИРИНА ТРАЈКОСКА – СТРЕЗОСКИ Е НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ …

Со најмногу, односно шест гласа „за“, Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска одлучи новиот, четиригодишен мандат, да ѝ го довери на обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство-Битола.

Пет гласови доби судијата Ненад Савески од Основниот кривичен суд-Скопје, а трет, со три освоени гласа беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.

Претходно на седницата дел од членовите на УО посочија дека сите пријавени кандидати ги исполнувале условите за избор.

Јавниот оглас за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители беше објавен на 26 август годинава откако поранешната директорка, Наташа Габер-Дамјановска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.

Минатата недела изборот на нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители беше одложен поради отсуството на претставник од Министерството за правда кој бил оневозможен да дојде од здравствени причини.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ