Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

ИРАН БАРА ОД ТРАМП ДА ЈА СКРОТИ ИЗРАЕЛСКАТА ОФАНЗИВА, СПОРЕД „ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ“

Израелските напади засега поефикасни

Во екот на интензивната израелска воздушна офанзива, ирански функционери информирале арапски колеги дека се подготвени да продолжат со преговорите — доколку САД не се вклучи во воените акции. Исто така, испратиле пораки и до Израел дека е во интерес на двете страни конфликтот да не се прошири.

Израелски авиони слободно летаат над Техеран, додека иранските противнапади прават штета, но значително помала, врз израелските градови. Тоа ѝ дава мала причина на израелската влада да ги прекине ударите, додека не смета дека ги уништиле иранските нуклеарни објекти и ја ослабнале власта на ајатолахот.Израелските напади досега убија клучни воени команданти, вклучувајќи и голем дел од врвот на иранското воено воздухопловство. Но, нуклеарната инфраструктура е само делумно оштетена, а аналитичарите проценуваат дека за сериозни резултати ќе биде потребна долготрајна кампања.

Крајна цел    

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападите ќе продолжат сè додека не бидат уништени иранските нуклеарни и ракетни капацитети. Додаде дека промената на режимот не му е цел — но и не ја исклучи.Израелската војска, според официјални извори, подготвила барем две недели интензивни напади. Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон повика на итно продолжување на преговорите, а бројни арапски лидери бараат прекин на огнот. Американскиот претседател Доналд Трамп до неодамна се противеше на воена интервенција, но сега отворено ја поддржува
израелската кампања.

„Мислам дека е време за договор, но понекогаш едноставно мора да се бориш“, изјави Трамп вчера.

Иран не сака директна вмешаност на САД

За Иран, привремено примирје би значело време за консолидација и користење на меѓународниот притисок против Израел. Истовремено, Техеран сака да ја задржи Америка надвор од конфликтот.Арапски дипломати тврдат дека Иран смета оти Израел нема капацитет за долготраен воен ангажман и дека на крајот ќе мора да прифати дипломатско решение. Иранските проценки се дека Израел без американска помош не може сериозно да ги оштети објекти како што е подземниот комплекс Фордо.

„Иранците знаат дека САД го поддржува Израел логистички и одбранбено“, изјавил еден арапски официјален претставник. Но, бараат гаранции дека САД нема директно да се вклучи. Во спротивно, Иран најавува можност за забрзување на нуклеарната програма и проширување на војната.

Опасност од понатамошна ескалација

Засега, нема сигнали дека Иран е подготвен на нови отстапки во врска со нуклеарната програма. Преговорите пред нападите биле во застој поради иранското одбивање да престане со збогатување на ураниум. Израел инсистира дека прекинот на збогатувањето е минимум за кој може да се разговара.Покрај нуклеарното прашање, Израел и заливските држави се загрижени и за иранската поддршка на регионални милиции и ракетниот програм.

Во текот на викендот конфликтот доби и енергетска димензија — двете страни почнаа да ги напаѓаат енергетските објекти. Жртвите меѓу цивилите се сè побројни. Земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Катар и Оман, го повикуваат Вашингтон да изврши притисок врз Израел да ја прекине воената акција. Тие предупредуваат дека конфликтот може да ескалира и да ја загрози енергетската инфраструктура, што би имало сериозни последици врз пазарот на нафта и светската економија.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ