ИНФОМАКС : МИЦКОСКИ СО ЗАКАНА ПО ЖИВОТОТ КОН ДАНЕЛА АРСОВСКА ИЛИ НАЈАВА ЗА БЛОКАДА НА ГРАДОТ?!

0
1095

Мицкоски со закана по животот на Арсовска или најава за блокада на градот?

Професорски, или како што тој милува да каже, математички прецизно, Христијан Мицкоски отворено ѝ се закани на Данела Арсовска и тоа на начин на кој што веројатно никој не се заканил јавно од осамостојувањето на државата.

Во гостување во А1 ОН, Мицкоски рече дека не се знае што носи утрешниот ден и дали Арсовска ќе има четиригодишен мандат.

  • Па Данела уште нема четири години мандат, не знам ни дали ќе има четири години мандат. Ќе видиме, времето ќе покаже. Нема да одам јас на тоа да даде оставка, едноставно животот не знаете што ви носи утре, непредвидлив е животот, и не само во политиката туку општо, рече Мицкоски низ (злобна) насмевка.

Македонската регулатива е прецизна и предвидува шест ситуации во кои може да дојде до предвремен престанок на мандат на градоначалник.
Согласно Законот за локална самоуправа, на градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон:
– ако поднесе оставка;
– во случај на смрт;
– ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци;
– ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
– ако настапи случај на неспојливост за вршење на функцијата согласно со Законот за локални избори;
– во случај на неоправдано отуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жител на општината.

Како што може да се посведочи од видеото, Мицкоски на подмолен начин отворено ѝ се закани на градоначалничката Арсовска. Со оглед на тоа што Арсовска не е осудена, досега не настапила неспојливост на функцијата и нема отсуство од шест месеци, остануваат само првите две варијанти, односно Мицкоски практично се закани со смрт на Арсовска или со принуда самата да си поднесе оставка.

Градоначалничката Арсовска во неколку наврати споменуваше дека добивала закани како по нејзиниот, така и по животот на нејзиното семејство, но исто така беше децидна дека таквите закани нема да ја поколебаат да продолжи со борбата со криминалците во Градот Скопје и реализација на дадените ветувања пред граѓаните.

Ваква отворена закана по нечиј живот и здравје не упатуваат ниту најголеми криминалци, а камо ли полтичари кои сакаат себеси да се претстават како интелектуалци и водачи на народот. Ако од позиција на опозиција Мицкоски има храброст и дрскост отворено да ѝ се заканува на градоначалничката на Скопје, како народот може да очекува да биде заштитен од негова страна кога би бил власт?! Дали доколку некогаш стане премиер ваквите зкаани ќе станат секојдневие за неговите политички противници, за партиските неистомисленици, за народот и секој еден кој нема да кажува “Да шефе”?!