- Во воениот конфликт Љубчо Георгиевски се однесуваше храбро но и изненаден од луѓето околу него и во врвот, од луѓе во владата и од АРМ. Имаше еден случај каде треба да одиме во касарната во Куманово да се изведе еден напад по информација за голема количина на оружје, од АРМ треба да бомбардираат со 500 килски бомби.Го носиме Љубчо сосе вискито таму, обезбедуваме периметар на што Љубчо одговара дека кога ќе рокнат бомбите има да се искршат прозори и куќи да се тресат и се слуша две ,,ПАФ”.
Потоа некои од АРМ викаат готово, го дигнавме во воздух складиштето. Љубчо потоа вика ај да си одиме да не не прават будала, си го зема вискито и си одиме.
Генерал Стојков во емисијата ,,Во центар”.