Многу интересна колумна на професорот Ѓорѓи Спасов во Утрински Весник. Еве еден дел:
Груевски мора да сфати дека опозицијата веќе нема што да изгуби освен својата слобода. А таа веќе ја имаат изгубено многумина опозиционери.
Опозицијата треба да продолжи и да ги засили протестите, но со вистински Гандиевски методи, а не само со дискозабави. Тие подразбираат доведување во прашање на интересите на власта и на нејзините монополи. Масовно неплаќање на сметки за радиодифузија, неплаќање сметки за струја, неплаќање сметки за мобилните оператори, штрајкови на ниско платените работници во странските компании, протести и блокирање на раскрсниците во време на најголемиот сообраќај, блокирање на влезовите на државните институции и создавање свест дека без согласност на опозицијата Груевски не може да владее.
Истовремено, опозицијата треба во кампот на слободата пред владата и по други кампови низ земјата да продолжи со објавувањето на „бомбите“, односно со проектот „Вистината за Македонија“, со презентирање и дебати за своите програмски идеи и со постојано проширување на коалицијата „Граѓаните за Македонија“. Додека неговите кампери пред Собранието јадат сладолед и не знаат зошто се таму, опозицијата ќе ја подготвува својата голема победа на наредните избори и промените кои сите граѓани ги очекуваат.
Целата колумна ја имате на следниов линк.