Маре Лазаревска, СЛОБОДЕН ПЕЧАТ
Фото: АниДими
Поп-дивата Калиопи на 19 октомври ќе одржи голем концерт во Скопје, во арената „Борис Трајковски“. Неодамна го промовираше својот нов албум, а кога е во прашање музиката, таа дефинитивно е една од омилените на македонската публика.За музиката, за бракот и љубовта, каква е Калиопи приватно, што ја прави среќна, како реагира на лошите коментари и уште многу други муабети, со Калиопи разговараме во интервјуто за „Слободен печат“.
За Илинден имавте фантастичен концерт во Охрид за кој сè уште се зборува… Какви импресии носите од таа вечер, особено што концертот беше токму на Илинден?
– Сè уште сме под импресии од концертот во Охрид, деновите минуваат, но емоциите не стивнуваат… Величествено, емотивно, забавно, весело, топло, искрено, единствени во споделувањето. Ете, таква ноќ имавме во Античкиот театар во Охрид! Со самото тоа што концертот се одржа на ден Илинден, ноќта доби и празнична нота, славејќи го животот и нашата преубава Македонија.
ПОВЕЌЕ НА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ