Saturday, July 19, 2025
32.8 C
Skopje

ИНТЕРВЈУ НА ГРКОВСКА ВО ДНЕВНИКОТ НА ТВ СИТЕЛ, НА ТЕМА ЗАКОН ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ : РАЗБИРАМ ДЕКА ОДРЕДЕНА ГРУПА ЛУЃЕ Е ВОЗНЕМИРЕНА ОД МЕХАНИЗАМ СО КОЈ РЕАЛНО ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРААТ ОНИЕ КОИ СЕ НА ЛИСТА НА САНКЦИИ

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител се осврна на дилемите во јавноста околу измените на Законот за рестриктивни мерки. Иницијативата која ја поднесе Грковска за измени на законот, со цел да се прошири опфатот на рестриктивните мерки со додавање на корупцијата и организираниот криминал како основ, беше веднаш прифатена од Владата, а надлежното министерство го поднесе предлог-законот на усвојување.

„Во однос на негативното мислење на Министерството за правда околу овој закон, Грковска појасни дека тоа се однесува на првата верзија на законот, а не на конечната верзија доставена до Владата. Таа истакна дека сепак е согласна во еден дел со ова мислење, односно дека и согласно сегашните законски прописи обвинителството може да покрене постапки по допрен глас, но проблемот е што правосудните органи се инертни, бавни и неиницијативни“, истакна Грковска.

Таа појасни дека со измените на Законот за рестриктивни мерки, јавното обвинителство ќе биде обврзано да постапи во кратки рокови, за да има побрза судска разрешница. Според вицепремиерката, брзото завршување на процедурата им оди во прилог и на лицата кои се на листите на санкции.

Во интервјуто за Сител, Грковска ја истакна определбата на Владата законските решенија да бидат во насока на презумција на невиност и човекови права, но и дека разбира дека одредена група луѓе е вознемирена, зашто на ваков начин правосудниот систем и сите во Република Северна Македонија ќе имаат механизам со кој реално ќе се санкционираат оние луѓе кои се на листа на санкции. Сега го имаме обратното, додаде таа, нема реакција од нашиот правосуден систем, а тие продолжуваат со своите функции и дејности.

Таа појасни дека нејзината улога како вицепремиер е да ја координира подготовката на закони и стратегии, но предлог-законите ги поднесува надлежното министерство. Оттука, по формирањето на владината работна група за подготвување на законски измени со цел постапување по листите на санкции на САД и Обединетото Кралство, со која таа претседаваше, Министерството за надворешни работи, како институција во чија надлежност е овој закон, го поднесе предлогот законското решение до Владата.

„Сите наши меѓународни партнери сакаат да видат ефикасна борба против корупцијата. Владата не може да процесира судски случаи, но тоа што може да направи е да овозможува и да го натера правосудниот систем да биде поефикасен“, истакна Грковска и информираше дека во пакет со овој закон овие прашања дополнително ќе се регулираат и во други закони, како нa пример Законот за јавни набавки, и други закони, за да се добие комплетно решение.

ОВАА НЕДЕЛА

ШУКОВА: ИМАМ РЕШЕНИЈА ЗА ЧИСТО, УРЕДЕНЕНО И БЕЗБЕДНО СКОПЈЕ КОЕ ДИШЕ

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за...

РИСТЕСКИ: КОМПЛЕТНО РЕАЛИЗИРАНА ВЕТЕНАТА ПРОГРАМА ВО МОГИЛА

Прес-конференција на Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.  Денес сме во...

МИЦЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖУВА ДА РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА КРАТОВЧАНИ

Прес-конференција на Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на...

КУЗЕСКА: НЕМА 2.500 ДЕНАРИ ПОКАЧУВАЊЕ, ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ГРУБО ИЗМАМЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ