Институт од Љубљана: Има список од „топ 100 лица“ на режимот на Груевски кои се истражуваат од СЈО!

0
494

Во оптек е список на „топ 100 лица“ на режимот на Никола Груевски кои се предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство, пренесува Стандард.

Покрај главните осомничени за криминал и корупција, Никола Груевски и Сашо Мијалков, се наоѓаат и повеќе други поединци кои се доведуваат во врска со актуелниот режим како Миле Јанакиевски, Владимир Пешевски, Коце Трајановски, Орце Камчев, Срѓан Керим, Муса Џафери, Беким Хасани, Минчо Јорданов, Целе Панделески, Никола Тодоров и многу други, наведува во својата анализа за земјава Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во анализата под наслов: „Македонија: Украдена држва и демократија“.

„Медиумите и медиумскиот простор се под апсолутна контрола на режимот на Никола Груевски, поранешниот премиер, кој сé уште е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутен господар на Македонија. За ускратувањето на слободата на медиумите во Македонија во своите извештаи во последните неколку години редовно предупредуваа и меѓународните организации.

Формирањето на Специјалното јавно обвинителство дава надеж дека во Македонија би можеле да се покренат бројни позитивни процеси и да се започне „дегрујевизација“ на државата.

Во анализата на институтот се наведува дека неопходно е да се формира Специјален суд на исти основи како и Специјаното јавно обвинителство, кои би го процесуирале криминалот кој се поврзува со доделување на субвенции, местење на тендери, трансфер на пари во Белизе, Кајманските и Девствените острови, Чешка, Кипар, итн. Стои и дека во последните 10 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија се изнесени околу 2,2 милијарди евра преку разни облици на криминал и корупција.

Институтот наведува дека САД и ЕУ не смеат да ја остават Македонија на цедило, туку да и помогнат да ја вратат украдената држава и повторно да ја воспостават демократијата.