И по неколу месеци од бруталното претепување на Марјан Стаменковски од порталот Доказ, МВР наместо да ги притвори тепачите, најверојатно се обидува да го забошоти случајот.
Стаменковски на 20 јули годинава, додека седел во кафулето Либрариа во центарот на Скопје, среде бел ден во попадневните часови со метални шипки беше натаднат од три маскирани лица. Случајот предизвика големи реакции во јавноста,но од виновниците засега по вина на МВР, нема ништо.
Инспекторот Андреј Сопронов кој го водел случајот одкако ги разгледал видео снимките од камерите на кафулето го повикал оштетениот во службени простории да препознае дали некој од тие лица е меѓу тие што го нападнаа. Оштетениот посочил на еден од нив и тука случајот добива нов правец.
Наместо притвор за осомничениот, министерот Чавков го казнува инспекторот од крим техника. Аргумент му бил тоа дека инспекторот се срекавал со оштетениот вон работното време а му извадиле и транскрипт од телефонскиот број со кој го обвиниле дека контактирал со оштетениот и за време на годишен одмор.
Заради ова раководството на МВР на инспекторот кој е и доктор на науки, не само што му го зеле случајот туку и го распределиле на обичен позорникар на улиците во Бутел.
„Па јас го барав постојано на телефон инспекторот Сопранов исто како и министерот Чавков оти ме интересира кој ме претепа за кривично да го гонам“, вели за Либертас натепаниот Стаменковски.
Обвинителот кој го води случајот и покрај ургенциите како што тврдел од МВР не ги добивал потребните работи за да отвори постапка.
Натепаниот Стаменковски јавно обвини дека со метални шипки главата му ја расцепиле луѓе блиски на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.
Министерот Чавков се обидува да го забошоти моето претепување а инспекторот кој го водеше случајот ни крив ни должен,само заради тоа што совесно си ја вршеше работата настраа со деградирање, вели Стаменковски.
Тој веќе побарал помош и од Хелсинчкиот комитет а ЗНМ во неколку наврати јавно побара МВР да го разрешиовој брутален напа врз новинар. МВР не реагира ни на овие прозивки.