Недела во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела вода ќе се состанат 2/3 од општинските организации на ЛДП и ќе формираат иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на ЛДП за промена на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата.
Тие ги повредија основните демократски постулати на работа.
Во недела ќе ги претставиме нашите позиции и ставови.
Неодамнешните случувања јасно укажаа на тешката криза и поделбата во партијата која неминовно може да се разреши само со свикување вонреден конгрес и смена на актуелното раководство во ЛДП.
Од името на општинските организации на прес конференција ќе се обрати Бобан Бојковски од општинската организација Куманово.