Кога му починала ќерката, Шајам Сундар Паливал сакал да ги поттикне мештаните на селото во Раџистан да ги слават и чуваат своите ќерки, па покренал иницијатива за садење на стебла, која освен промовирање на родовата рамноправност ја поттикнало и економијата на оваа селска населба.
Во земјата каде се повеќе се слават родените машки деца од девојчињата, малото село Пиплантри нуди нова перспектива во желба да ги промени вкоренетите ставови. Наместо традицијата на купување куклички за новородените девојчиња, во оваа населба во Раџастан се садат 111 стебла секогаш кога ќе се роди девојче. Селаните се здружуваат и заедно донираат пари да помогнат при садењето на стеблата, кои ќе обезбедат храна за детето и неговото семејство.
Оваа иницијатива ја покренал Шајам Сундар Паливал, поранешен водач на ова индиско село кога поради болест ја изгубил својата ќерка Киран.
„Тоа ме наведе да започнам нова иницијатива да ги зачуваме женските деца родени во ова село‟ – рече за Mail Online Travel.
За да ги освести своите мештани да го негуваат животот на девојчињата и да го слават нивното раѓање, во 2006 година преземал извесни мерки.
Паливал спровел иницијатива за садење на 111 стебла за да го прослави раѓањето на секое девојче во селото.
Мештаните од селото садат дрвја на ливадите за пасење, а заедницата обезбедува дрвјата да преживеат и да растат, пишува Хинду.
Жителите собираат 21.000 рупии, а покрај добиените уште 10.000 рупии од семејствата на девојчињата, па вкупно 31.000 рупии се чуваат како фиксен депозит за девојката.
Родителите на девојчињата, освен што садат дрвја за својата новородена ќерка, потпишуваат законска изјава дека нивната ќерка ќе добие целосно образование и дека нема да се омажи пред да наполни 18 години.
За да ја објасни својата иницијатива, Паливал додава дека секоја година во Пиплантри се раѓаат околу 60 девојчиња, но дека во повеќето случаи, родителите не сакаат да ги прифатат женските деца бидејќи ги сметаат за помалку вредни и за поголем трошок.
Поради тоа, оваа програма за садење на дрвја е своевиден начин да се охрабрат семејствата да слават раѓање на женско дете и да се борат против длабоко вкоренетата култура на абортусот во оваа земја. Студијата во 2011 година откри дека околу 12 милиони прекини на бременост поради несакано женско дете, се прекинати во последната деценија.
Индиската влада презема повеќе мерки за да го спречи абортусот поради несакан пол на детето: забранија тестирање на полот на фетусот, како и постоење на мираз, поради кое родителите женските деца ги гледаат како поголем трошок кој бара повеќе вложувања и пари.
Покрената е и програма која се вика Beti Padho (Да ги зачуваме нашите ќерки, да ги едуцираме нашите ќерки) во 2014 година, посебно во региони каде поделбата на половите е посебно изразена.
По 10 години подоцна, програмата на екофеминизам во Пиплантри напредува. Во селото се засадени повеќе видови на дрвја кои почнале да носат приход: манго, ним, шишам, индиско грозје… Освен тоа, мештаните засадиле и билки алое вера околу стеблата кои се однесуваат како природни пестициди, па и тие самите станале еден вид на приход кога почнале да ги обработуваат и продаваат. Дрвјата, заедно со растението алое вера, сега обезбедуваат средства за живопт на 8.000 жители на ова село.