Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ИНДЕКСОТ МБИ10 НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЗАБЕЛЕЖА ПАД ОД 3,8 ОТСТО

Индексот на Македонската берза МБИ10 денеска забележа пад од 3,8 отсто, како индиректна реакција на воведувањето на царините на американскиот претседател Доналд Трамп и падот на светските берзи што следуваше во деновите потоа.

Фото: принтскрин од Македонска берза

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Денешните најтргувани акции на берзата сите забележаа пад. Меѓу нив, најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка, која забележа пад од 5,6 отсто, а со неа се тргуваше во вредност од 14,6 милиони денари или нешто повеќе од 230.000 евра.

Втора според обем на тргување беше акцијата на Алкалоид, која забележа пад од 4,4 отсто а беше тргувана во вредност од 9,8 милиони денари или 160.000 евра.

Меѓу најтргуваните акции беше и акцијата на Макпетрол чија вредност падна за 5,8 отсто, а беше тргувана за нешто помалку од 3 милиони денари или 48.000 евра.

Извор : Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ