Слушнав малку воздух како излегува, а потоа ми звучеше како увото да ми врие. Го допрев и видов крв, рече патничката Џејси Персер за Си-Ен-Ен. Патниците на авионот на Делта Ерлајнс се опоравуваат од проблемите со притисокот во кабината на летот од Солт Лејк Сити до Портланд, САД, откако неколкумина претрпеле крвавење од ушите и од носот, јавува Си-Ен-Ен. – Искрено им се извинуваме на клиентите за нивното искуство со летот 1203 на 15 септември – рече портпаролот на Делта во соопштението.
По слетувањето во Солт Лејк Сити, патниците на летот 1203 биле преместени во друг авион. Техничарите на „Делта“ го решиле проблемот со притисокот на авионот, соопшти авиокомпанијата, а следниот ден авионот повторно почна да лета. Патничката Џејси Персер изјави за Си-Ен-Ен дека се чувствувала како некој да ѝ пробол нож во уво.
– Слушнав малку воздух како излегува, а потоа ми звучеше како увото да ми врие. Го допрев и видов крв – рече Персер. Парсер, која била на службено патување, рече дека нејзините колеги и другите патници исто така имале слични проблеми. – Сите се држеа за уши, на луѓето им крвареше од носовите – рече таа.