Има многу пациенти со тешка манифестација на белите дробови и терапијата не помага, вели Филипче по рекордниот број на починати од Ковид

0
271

За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата, вели министерот за здравство Венко Филипче по вчерашниот рекорден број од 50 починати во еден ден од Ковид-19.

За зголемениот број на млади лица кои умираат иако немаат никакви хронични болести, Филипче вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.

-Ги гледама случувањата и во околните земји и Европа за да видиме дали има слични случаи. Секаде во Европа и околните земји се случува истото, има млади луѓе каде влошување на состојбата настанува за неколку часа и покрај целиот терапевтски пристап, изјави Филипче.

Вчера во земјава беа регистрирани рекорден број на починати од Ковид-19 за еден ден.