ИМА ДЕНОВИ! ЌЕ ДОЈДЕ НОВ ИЛИНДЕН!

0
608
Имавме ние, уште неколку Илиндени после првиот во 1903-та и со секој следен Илинден заокружувавме еден стадиум на еволуција на свеста искачувајќи се едно културно и општо цивилизациско скалино погоре.
На дофат сме на НОВ Илинден!
Но не овој што е за 2 дена, туку тој што ќе се случи (се надевам) до крајов на годинава, или евентуално 2017-та.
Нов Илинден кој ќе овозможи НОВ тип на слобода и кој што ќе отвори ново поглавје на македонското цивилно и граѓанско општество…
Општество базирано на облективни критериуми при достапноста, а не критериумите од партиското списоче на Јанкуловска.
Општество каде што нема да функционира ТОТАЛНО сè по партиска линија, ами по реалните квалитети на поединецот.
Општество во кое власта ќе нема “ПРИРОДНО ПРАВО„ да злоупотребува како до сега, а граѓаните на тоа да велат: “Па добро, власт се„…
Општество базирано на РЕАЛНА, а не ВИРТУЕЛНА стварност, создадена со помош на ДЕБЕЛО платена пропагандна машинерија финансирана со пари од граѓаните, но и со украдени паири од граѓаните…
Општество во кое нема да се “кастрат„ политичките неистомисленици, особено во бизнис секторот, а во останатите сектори за политичките неистомисленици на власта дежавата НЕМА да биде МАЌЕА…
Општество кое ќе го водат, зрели индивидуи кој го имаат завршено процесот на индивидуација и во општо-филозофска и во Јунгова смисла на зборот, со свесност за потребата од посојано усовршување, а не духовно инфантилни како сегашнива…
Општество во кое ако сакаш да бидеш нешто, најпрво ќе треба да “ПОРАСНЕШ„!
ИМА ДЕНОВИ, ЌЕ ДОЈДЕ НОВ ИЛИНДЕН!
Новиот Илинден, кој ќе ги покопа методите и принципите на владеење на Груевизмот и ќе го донесе новото модерно сонце на “МОДЕРНАТА СЛОБОДАТА„.
Постојаното ослободување е нужност во услови на прогресивен развој на свеста, а со тоа доаѓаат и постојаните нови сонца на слободата.
Таа слобода ќе се случи!
Порано или подоцна…
Пишува : Зоран Јовановски