Има да не’ биде! Има да си ја направиме Северна Македонија, средена и успешна. Има да се цениме меѓусебно и има да си ја дигнеме татковината!

0
1013

Конечно и тој ден. Го чекавме одамна. Години и години.

Па потоа ни дојде умот и решивме да не чекаме. Сфативме дека мора да го создадеме. Да се вложиме, да си ја земеме судбината во свои раце, да му погледнеме на проблемот во очи и да го решиме. Да произведеме реформски аргументи, за оние “против” да немаат каде.

Просто е неверојатно како и двете цели што ги зацртаа нашите мајки и татковци, ги остваривме во една недела – НАТО членство и пристапни преговори со ЕУ. И тоа во денови на време – невреме на огромна глобална криза и пандемија.

А сепак и Сенатот на Шпанија и ЕУ да прават преседани за нас? Во ужасни услови да решат да ни го признаат заслужениот успех? Не можеме да не бидеме благодарни.

Јас пред три години се вратив за да помогнам да не пропаднеме во бездната на самосожалувањето и безизлезноста. Да излеземе од улогата на вечна жртва и да го градиме победничкиот дух.

Македонскиот народ и целата нација, со нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, та не сме ние ништо подолу од било која друга нација на светот.

Можеме ако сакаме! Да засукаме ракави, сите заедно, да излеземе победници со вирусот. Да се грижиме за себе, бидејќи тоа е грижа за сите. Да се грижиме за сите, бидејќи тоа е грижа за себе. Да се сплотиме, да излеземе од овој ужас посилни. И да не дозволиме никому да ни каже дека не можеме или не умееме.

Има да не’ биде! Има да си ја направиме Северна Македонија, средена и успешна. Има да се цениме меѓусебно и има да си ја дигнеме татковината!

Фејсбук статус на Никола Димитров, министер за надворешни работи.