ИМАМ ИНФОРМАЦИИ ЗА СПОРАДИЧНИ СЛУЧАИ НА ОБИДИ ЗА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ОД СТРАНА НА БУГАРИЈА, ТВРДИ ЏАЧКА

0
359

Речиси половина од дискусијата на денешната средба во Скопје меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и албанската министерка за Европа и за надворешни работи Ољта Џачка бил посветен на обидите за тивка асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поплаките на Македонците во Албанија за бугарска асимилација и притисокот од Бугарија. Тој истакна дека е побаран став од Тирана, а според информациите на Џачка станува збор за спорадични случаи.

-Побаравме мислење, став од Република Албанија, меѓутоа информациите на министерката се дека досега таквите случаи се само спорадични, при што е направен обид за искористување на еден вакуум меѓу носење закон и подзаконски акт кој ќе се обидат да го адресираат. Во Министерството постои работна група која на дневна основа ги следи тие текови, предлага конкретни чекори, а наскоро исто и Владата ќе расправа на таа тема, информира Османи.

Тој напомена дека ги претставиле забелешките и информациите и побарале поддршка за Македонците во Република Албанија. – Јас ги посетив минатата година и направивме владин план за поддршка на Македонците таму. Тоа што е различно во Албанија, од истите слични обиди и во Северна Македонија и во други држави е што се инсистира во таа изјава за себедекларирање да се потврди и во локалните општински власти, што е еден нов момент на вклучување на државата во таквите изјаснувања, рече Османи.Министерка Џачка на прашањате што прави албанската Влада околу тоа истакна дека станува збор за спорадични случаи.