ИЛОН МАСК ВО ГЕРМАНИЈА ЈА ОТВОРИ ПРВАТА „ГИГАФАБРИКА“ НА „ТЕСЛА“ ВО ЕВРОПА

0
380

Илон Маск отвори огромна фабрика за електрични автомобили во Германија, што е прв европски центар на неговата компанија „Тесла“. Таканаречената гигафабрика чинеше пет милијарди евра, што е најголемата инвестиција во германската автоиндустрија во поново време.

„Тесла“ планира да вработи 12.000 луѓе во фабриката, од кои 3.000 веќе се ангажирани.

„Ова е голем ден за фабриката и уште еден чекор напред кон одржлива иднина“, изјави Маск во присуство на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Сепак, еколошки групи протестираа пред фабриката, меѓу другото, и затоа што Маск исече цела шума за да ја изгради фабриката.

Во полн капацитет, фабриката ќе произведува половина милион возила годишно, додека „Фолксваген“ лани продаде 450.000 електрични автомобили низ цел свет. „Тесла“ на 4 март доби дозвола од локалните власти за почеток на