ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ КАКО АКТУЕЛЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРИЛЕП И ГОРАН СУГАРЕСКИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НАПРАВИЈА ПАРТИЈА ПИНГ ПОНГ НА НОВИОТ СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВЕН КОМПЛЕКС КАЈ ПРИЛЕПСКОТО ЕЗЕРО КОЈ ДОЖИВЕА ФАНТАСТИЧНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ОД ДИВА ДЕПОНИЈА

0
340
Присуствувајќи на ставањето во употреба на спортско-рекреативниот комплекс кај Прилепското езеро, не можам а да не го искажам моето воодушевување од реализираниот проект од страна на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, со голема помош на ЕУ и Владата.

До вчера запуштениот простор околу вештачкото езеро, некогаш омиленото место за излет на прилепчани, денес е претворено во репрезентативен комплекс достапен за сите генерации наши сограѓани – од најмлади, до највозрасни.
Со проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, кој е само еден во низата реализирани капитални проекти од страна на Општина Прилеп, уште еднаш докажавме дека Прилеп се сака со дела, а не со популизам и празна реторика за дневнопартиска употреба.

После победата на локалните избори на 17 октомври, заедно со општинскиот Совет ќе продолжиме да работиме на подобрување на социјалниот статус на граѓаните и да градиме амбиент за поголем економски развој на општината.

#СДСМ#НајдобротоЗаНашатаОпштина
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на СДСМ од Прилеп, Горан Сугарески.