ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ : ЗАСИЛЕНИ ГРАДЕЖНИ ОФАНЗИВИ ВО ПРИЛЕП НА ПОВЕЌЕ РЕГИОНАЛНИ И МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА

0
208

Покрај изградбата и реконструкцијата на патната мрежа во Прилеп и населените места, во тек се засилени градежни активности на дел од регионалните и магистралните патишта.

Паралелно со изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, започна и санацијата на коловозот од бензинската пумпа на „Лукоил“ до „Ленишки мост“, во должина од 2.2 км и широчина од 7 метра, како дел од проектот за рехабилитација на патниот правец Фариш-Прилеп.

Изведувач на работите е ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“, а средствата се обезбедени преку Годишната програма на ЈП за државни патишта.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп ,Илија Јованоски.