ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ: ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛ.ТРАЈКО НИКОЛОСКИ ОД НОВИОТ МОСТ КАЈ СТОЧЕН ПАЗАР ДО УЛ.АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ДОЛЖИНА ОД 400 МЕТРА И ПОВРШИНА ИД 3.000 м2

0
237

Со несмален интензитет продолжува градежната офанзива за уредување на патната инфраструктура во општина Прилеп.

Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, од новиот мост кај „Сточен пазар“ до улицата „Александар Македонски“, во должина од 400 метра и површина од 3.000м2.

Покрај коловозот, реконструкцијата опфаќа и изградба на велосипедски патеки, уредување на тротоарите како и целосно реновирање на паркот пред терминалот на ЈКП „Комуналец“.

Сите улици на кои во моментов се работи, се предвидени во Програмата на Општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, усвоена од Советот на општина Прилеп.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.