Илина Арсова: Локалната власт ми се заканува откако се ангажирав за заштитата на Охридското езеро

0
1698

Првата Македонска која го искачи Монт Еверест Илина Арсова и за што пред две години власта не и го даде оскарот за најдобар спортист, е мета на уште поголеми притисоци.

– Од спортски резултати со национален карактер и најголем промотор на РМ во светот, по заложбите за заштита на најстарото езеро во Европа, Охрид заедно со целиот ендемски свет што опстанува во него повеќе милиони години, станав државен непријател бр 1. По активистичката ангажираност за зачувување на светското природно и културно наследство на УНЕСКО, локалната власт во Охрид на неколку наврати ми се заканува и ме заплашува со информативни разговори, обвиненија и судски покани. Благодарам градоначалниче. Не ги заборавам и вашите лажни ветувања за работно место и соработка. Можеби не се договоривме за цена или бев прескапа за вас -пишува  Арсова на својот профил на Фејбук.

Причина за ваквиот однос е нејзината поддршка на Шарената револуција, како и сите нејзини силни активности, поголеми и од голем дел на жителите на Охрид, за заштита на трската во Охридскиото езеро, како и брегот од налудничавите и профитерски проекти. Арсова во последниот период постојано е мета на закани, постојано доаѓаат судски покани на нејзината адреса, со што се врши притисок да замолчи.

Пред две години, Илина Арсова поради своите ставови, беше прескокната на манифестација „Спортски оскар на годината“ во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и не и беше дадено заслуженото признание како првата Македонка која го освоила Монт Еверест.