Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ИЛИЕВСКИ: СДСМ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ТОШКОВСКИ ПОРАДИ НАРУШЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ И ПРОПУСТИТЕ ВО КОЧАНИ

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ 

Почитувани граѓани,
Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем.
Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ.
Без селективност и без обиди да се заобиколат оние кои што имаат најголема одговорност.
Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност.
После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти.
И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие.
-Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.
Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице.
Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви.
Во Скопје, беа прегазени жена и дете.
Сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци  беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје.
Безбедноста на граѓаните не е на нај високо ниво.
Безбедносниот системот целосно потфрли. Превенцијата која што е директна надлежност на МВР и Панче Тошковски затаи. Контролите ги нема.
Има само последици, тешки и недозволиви.
Затоа СДСМ бара:  оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски.
Граѓаните мора да се чувствуваат сигурно на улиците, децата мора да растат во безбедна средина, а институциите мора да бидат во служба на народот.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ