Friday, June 13, 2025
15.8 C
Skopje

ИЗРАЕЛ ЌЕ ЈА ДЕПОРТИРА ГРЕТА ТУНБЕРГ И ЦЕЛИОТ ЕКИПАЖ НА „СЕЛФИ-ЈАХТАТА“

Израел планира брза депортација на шведската активистка Грета Тунберг и уште 11 активисти по нивното приведување во близина на своите територијални води.

Министерството за надворешни работи на Израел објави дека активистите од јахтата „Мадлен“, меѓу кои е и Тунберг, ќе бидат спроведени до пристаништето Ашдод и од таму ќе бидат депортирани преку аеродромот Бен Гурион.

„Бродот безбедно плови кон бреговите на Израел. Се очекува патниците да се вратат во своите матични земји“, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи. „Селфи јахтата што ја превезува Грета Тунберг и други таканаречени „селебритис“ го продолжува своето патување кон израелско пристаниште“, се вели во соопштението.

Правниот центар Адала, кој се залага за правата на арапските малцинства во Израел, побара итна информација за локацијата и статусот на притворените активисти. Од центарот нагласуваат дека бродот никогаш не влегол во израелски територијални води ниту пак имал намера тоа да го направи.

– Адала бара итно откривање на правниот статус на активистите, нивно право на правна помош и застапување – се наведува во соопштението.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

АЛБАНИЈА ЗАМИНА СО ЕКСПРЕСНИОТ ВОЗ ВО ЕУ, ГИ ОТВОРА СИТЕ ПОГЛАВЈА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ

Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ