ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРОТ МАРЈАН СТОЈАНОСКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

0
320

Во четврток, на 19 ноември 2020 година, во Пионерскиот дом во Гевгелија ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот скулптор Марјан Стојаноски, од Прилеп. Изложбата ќе ја отвори м-р Мирјана Крстева Массети

Марјан Стојаноски завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на ДЛУМ и на ДЛУП. Во два наврати е претседател на ДЛУП. Во 2015 година ја добива наградата за скулптура „ Јордан Грабул“ (ДЛУП)

За скулптурите на Стојаноски Јана Јанеска Ристески, историчар на уметност ќе напише:
Марјан Стојаноски е скулптор кој успева на металот да му најде судбина во уметноста, да го определи карактерот, да го идентификува вкусот и да ја постави стабилноста на критериумот.

Ротирачките скулптури сами по себе се интересна приказна за нашите простори. Тоа е проблематика која кај нас и не е така често претставена во скулптурата и токму тоа е и главнот предизвик за почетоците на неговиот циклус „Феникс“.

Чуствително изработените форми, говорат за бесконечност во просторот. Додека пак подвижноста на скулптурите не потсетува дека се се движи, се е менливо и се е минливо. Моментот е сега и треба и мора да го живееме, тоа е пораката која јас ја читам од цикусот „Феникс“