ИЗГЛЕДА СЕПАК ПО СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ПОМЕЃУ ДВЕТЕ НАЈМОЌНИ СВЕТСКИ ВОЕНИ ВЕЛЕСИЛИ ЌЕ ИЗБУВНЕ ВОЈНА МЕЃУ САД И РУСИЈА – СПОРЕД ДИПЛОМАТ НА НАТО САД ПЛАНИРА ДА ПРЕФРЛА ВОЈНИЦИ ОД ЗАПАДНА КОН ИСТОЧНА ЕВРОПА

0
446

САД размислуваат во следните неколку недели да преместат дел од своите војници стационирани во Западна Европа во Источна Европа, изјави за британските медиуми дипломат од НАТО, во услови на ескалација на тензиите меѓу Украина и Русија.

-Ова се однесува на американската војска која веќе се наоѓа во Европа, изјави дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, потврдувајќи го извештајот на весникот „Њујорк Тајмс“ во кој се вели дека американскиот претседател Џо Бајден размислува да испрати американски војници во балтичките и источноевропските сојузници.

НАТО денеска соопшти дека ги става своите сили во состојба на подготвеност и дека Источна Европа ја опремува со повеќе бродови и борбени авиони, што Русија го осуди како ескалација на тензиите околу Украина.

Дипломатот кажа дека потенцијалното преместување на војската ќе биде постепено и дека до пополнувањето на празнината на НАТО на источното крило може да се случи во наредните недели.