ИЗВЕШТАЈ НА „ФРИДОМ ХАУС“ : С. МАКЕДОНИЈА ИМА ДЕМОКРАТСКИ НАПРЕДОК И ПОЛИТИЧКА ДИСФУНКЦИЈА

0
328

Во извештајот за Македонија нотирани се и блокади за носење на закони.

Во регионот најдобро рангирана е Хрватска со 4,25, а најниска е Босна и Херцеговина со 3,21. Албанија и Црна Гора беа оценети со 3,79, исто како и Србија. Повеќето земји од Балканот се во категоријата влади во транзиција или хибридни режими.

Во извештајот се наведува дека долготрајниот процес на пристапување во Европската унија на Западен Балкан го зголемува разочарувањето од Унијата и ја ослабува нејзината моќ да поттикнува реформи.Македонија во извештајот постигна скор од 48 поени од можни сто, а лани имаше 47 поени.Во извештајот се забележува и дека Северна Македонија и Црна Гора доживеале акутна политичка дисфункција во текот на 2022 година, но нивните резултати во демократскиот развој се движеле во спротивни насоки.