Известување од градоначалникот Јованоски за итно постапување по мерките за заштита од Коронавирусот

0
1103

Известување за ИТНО постапување согласно мерки за претпазливост и
заштита на граѓаните на територија на општина Прилеп од COVID-19
(корона вирус):

Почнувајќи од денеска, се задолжуваат сите стопански субјекти на територијата
на општина Прилеп кои имаат обезбеден сопствен превоз за своите вработени,
да се врши дезинфекција на превозните средства, повеќекратно во текот на
денот и веднаш да се изврши редуцирање на редоследот на седење на
вработените во автобусите, минибусите и останатите превозни средства со кои
располагаат стопанските субјекти.

Во продолжение, се’ уште важат и ќе продолжат да важат мерките на
претпазливост дадени од Министерството за здравство на Република Северна
Македонија.

Оваа мерка стапува на сила веднаш, со цел да се заштити населението на
територија на општина Прилеп од COVID-19 (корона вирус).
Градоначалник на општина Прилеп,
Илија Јованоски