ИЗБУВНА МАСОВНА ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП, ЗА ВРЕМЕ ТЕПАЧКАТА ПРЕД ЗАТВОРОТ СТИГНАЛА И ПОДДРШКА СО ДРВЕНИ И ОСТРИ ПРЕДМЕТИ ОД ОКОЛУ 30-ТИНА ЛИЦА

0
255

Синоќа во 23.57 часот во СВР Штип, Ш.Н. од с.Батинци, скопско, пријавил дека му се јавил неговиот син З.Н.. кој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип и му рекол дека има информации дека во текот на ноќта ќе биде нападнат.

Исто така, околу 00.00 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи затвореници и дека имаат сознанија дека кон затворот се упатени повеќе лица како поддршка на едната група.

Полициски службеници од СВР Штип пред затворот затекнале 30 лица со 10 возила и при преглед на лицата и возилата, биле пронајдени и одземени дрвен и остар предмет.

За време физичката пресметка во установата, со повреди се здобил еден вработен, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување на помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.