Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ИЗБРАНА Е НОВАТА ВЛАДА НА СРБИЈА, ЃУРО МАЦУТ – НОВ ПРЕМИЕР

Со 153 гласа „за“ и 46 „против’ српскиот Парламент денеск аја избра нопвата влада што ќе ја предводи Ѓуро Мацут, јави дописникот на МИА од Белград. На гласањето не беа присутни 51 пратеник. За новата Влада на Србија гласаа членовите на владејачката коалиција од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“, Социјалистичката партија на Србија, Обединета Србија, ПУПС, Социјалдемократската партија на Србија и Сојузот на војводинските Унгарци.

Против беа пратениците на опозициските партии кои присуствуваа на седницата. На седниците на Собранието не присуствуваа членовите на коалицијата НАДА и Демократската партија.

Економската политика на Србија нема да се промени. Така барем најави Ѓуро Мацут во експозето пред пратениците во Собранието. Политиката на одржување на макроекономската стабилност, каква што ја имавме досега, продолжува, вели тој. Новата Влада на Србија ќе ја сочинуваат 30 министри, од кои има и од кабинетот на претходниот премиер Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка.

Пратениците од владејачкото мнозинство во расправата порачаа дека ќе поддржат избор на нова влада, а пратениците од опозицијата го критикуваа предлогот за мандатар. Кандидатот за премиер Ѓуро Мацут вчера ја претстави програмата и составот на неговиот кабинет.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ