Избрал добар ден да биде меѓу народот, кога нема народ, да се прошета по улиците

0
895

Вчера, некаде околу 19 часот, шета Никола Груевски со семејството по улица Македонија. Тие, и четворица телохранители, двајца напред, двајца назад.

Сосема непотребно, зашто на улицата нема живо пиле, два – тројца странци и оваа чудна осамена поворка, маж и жена напред, се држат за раце, децата потскокнуваат зад нив. Ретките луѓе што им доаѓаат од спротива избегнуваат да ги гледаат, само едно старче станува од некоја кафеана за да ги поздрави, се слуша неговиот подзагрцант глас што би требало да искажува почит, а ниту е поздрав ниту е почит, туку е нешто трето. Понизност и страв. Можеби и старчето го наместиле таму, му платиле пијачка и му рекле да стане да го поздрави ‘намесникот’.

Избрал добар ден да биде меѓу народот, кога нема народ, да се прошета по улиците кои ги унакази, им ја одзема и географијата и историјата, да ја подзагледа црквата чиј ѕвоник кога ќе ѕвони ќе им удира во глава на луѓето кои живеат наоколу, сите со блиндирани балкони и лажни златни украси опкружени. Избрал добар ден зашто еден дел од народот е дома, другиот на Халкидики. Демонстрантите го почитуваат празникот. Сам е, само со оние кои мораат да бидат со него. Што ли си мисли лажниот Месија во овие денови на празнување кога на сите негови споменици се трагите од револтот побуната народна, кога на секој негов споменик е испишана модерната уметност што требаше да ја гради; Го ослепевте народот кај Самоил, Не плаќаме данок за ова – кај Александар, 208 Тамари кај Портата, а таму каде што гази му пишува – Македонија се разбуди. Од оваа слика на лажна идила, поодвратна беше само сликата на Бети и Мијалков во опера.
И така, го гледам тоа вообичаено, подпросечно семејство и си мислам; како некој толку обичен, толку просечен и по изглед и по ум, може да биде толку фатален.

Офелија Димковска фејсбук статус